
Било да пушите сами или ви дојдоа гости кои пушат, мирисот на цигарата често останува долго во вашиот дом – и не е ни малку пријатен. Среќно, постојат неколку едноставни начини како да се ослободите од него.
Прво, отворете прозорци и проветрете ја просторијата. Но, ако мирисот и понатаму останува, потребно е да се исчистат предметите во кои се впил. Дрвените предмети најдобро се чистат со разреден оцет: напрскајте и избришете со памучна крпа. Иста техника може да се користи и за тапацираниот мебел.
Сода бикарбона е уште еден ефикасен метод. Ставете ја во фиоки и оставете да делува 24 часа – мирисот ќе исчезне. За мебелот, истурете сода бикарбона врз него, оставете да стои 24 часа, а потоа исчистете со правосмукалка.
Со овие трикови, вашиот дом ќе биде свеж и без непријатен мирис на цигари.

