Skip to main content
Македонија

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари

16/01/2026  15:55

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота), ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор – камерите на сообраќајниците.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден од 08:00 до 20:00 часот. За време на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.

Граѓаните и сите учесници во сообраќајот се повикуваат да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат разбирање, трпение и соработка за непречено и безбедно реализирање на планираните активности.