Skip to main content
Македонија

Денот на Македонската револуционерна борба, 23 октомври е неработен ден за сите граѓани

21/10/2024  10:17

Министерството за социјална политика, демографија и млади  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  23 октомври 2024 година (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за  социјална политика, демографија и млади на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската Револуционерна Борба.