Skip to main content
Спорт

Роналдо бил најплатениот спортист во 2025 година

15/01/2026  21:13

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година.

Меѓу првите 100. се наоѓаат спортисти од осум различни спортови и 28 земји, кои инкасирале вкупно речиси 6,05 милијарди долари во календарската година, вклучувајќи 4,63 милијарди од плати и наградни фондови. Дополнителни 1,42 милијарди се заработени надвор од спортските арени, во вид на бонуси или маркетинг.

Меѓу 100. најплатени спортисти во 2025 не се најде ниту една жена, а со најголема заработка е американската тенисерка Коко Гоф, 31 милиони долари, што е далеку помалку од 260. милиони на Роналдо, од кои 200 милиони од плати и уште 60 милиони од маркетинг или бонуси.

По фудбалерот на саудискиот Ал Наср следуваат боксерот Канело Алварез со 136 милиони долари и фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, со 130 милиони долари.