
Италија сака да има активна улога во секој судски процес за пожарот во швајцарскиот бар во Кран-Монтана во кој загинаа 40 лица.
– Ќе ги повикаме швајцарските власти да ги идентификуваат и казнат одговорните и да обезбедат целосна јасност за оваа огромна трагедија, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани за весникот „Кориере дела сера“.
– Исто така, ќе поднесеме барање да бидеме граѓанска страна во случајот, додаде тој.
Според судот, Жак Морети исто така може да биде ослободен по уплата на соодветна гаранција. Адвокатите на двојката постојано нагласуваат дека ниту еден од нив нема намера да ја попречува истрагата
