Skip to main content
Македонија

Ахмети утре ќе оди на лидерската средба кај Мицкоски

13/01/2026  20:26

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) потврдија дека претседателот на партијата, Али Ахмети, утре ќе присуствува на лидерската средба свикана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сепак, од ДУИ засега не откриваат каков став ќе има Ахмети во однос на прашањето за техничката влада. Пратеничката Арта Зендели изјави дека конечната позиција ќе биде соопштена по утрешната средба.

„Останува до утре претседателот Ахмети да размисли и да го соопшти својот официјален став“, изјави Зендели.

Таа додаде дека конечната одлука за евентуално укинување на техничката влада, според Уставот и законските процедури, е во надлежност на претседателот на државата.

Лидерската средба се одржува во услови на зголемен политички интерес, а јавноста очекува дали ќе се постигне консензус околу моделот на формирање на идната влада.