Skip to main content
Македонија

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба

13/01/2026  20:05

Лидерот на ДУИ Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика премиерот Мицкоски.

Но, без детали каков ќе биде ставот на Ахмети за техничката влада. Пратеничката Зендели кажа дека останува до утре Ахмети да размисли каков став ќе даде.

За ставот за укинување на техничка влада, тоа останува ексклузивно право на претседателот да одлучи, кажа Зендели.