Skip to main content
Хроника

Саит Саитов уште како малолетник дивеел со „Пасат“ низ улиците (видео)

12/01/2026  21:45

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тинејџерот Саит Саитов, кој во петокот прегази и усмрти жена во скопската населба Капиштец, уште пред речиси една и пол година опасно дивеел по улиците со автомобил „Фолксваген Пасат“.

Саитов по трагичниот настан избегал од Македонија со помош на татко му и неколку други лица, а по него е распишана централна и меѓународна потерница.

На спорното видео, објавено на социјалните мрежи, се гледа како тогаш малолетниот Саитов управува со автомобил со огромна брзина низ населено место. Според достапните информации, во моментот на снимањето тој имал само 17 години.

Снимката повторно ја отвори јавната дебата за опасното и несовесно возење, особено меѓу младите, како и за потребата од построги контроли и санкции.

Надлежните институции продолжуваат со активностите за негово пронаоѓање и приведување.