
Метео анализа на Славчо Попоски:
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Сибирски Антициклон, односно под влијание на висок воздушен притисок и екстремно ладна воздушна маса која се спушта директно од Сибир кон нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација имаме стабилно, суво и претежно сончево но многу ладно време со појава на мала до умерена локална облачност.
Повремено дува засилен ветер од северен правец кој најмногу е изразен во Повардарието.
Повторно ектремно ладно и претежно ведро ќе биде утрото во Вторник 13 Јануари кога минималните температури во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени а во планинските места температурата повторно очекувам да се спушти до или под -20 степени.
Во Скопје и околината утрото во Вторник 13 Јануари температурата ќе се спушти до близу -10 степени.
Ладен ќе биде и денот Вторник 13 Јануари кога температурите повторно во делови од Македонија и преку денот ќе останат под нулата, односно температурите ќе се искачуваат во интервало од -3 до 6 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 2 степени.
Да напоменам дека поради екстремно ниските температури кои ги очекувам понатаму повторно ќе има појава на голомразица на патиштата и на силни утрински мразеви па токму поради ова апелирам возачите крајно да бидат внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат кон планинските превои.
