Skip to main content
Uncategorized

Сибирски Антициклон во Македонија носи екстремно ниски температури

12/01/2026  12:17

Метео анализа на Славчо Попоски:

Повремено дува засилен ветер од северен правец кој најмногу е изразен во Повардарието.

Повторно ектремно ладно и претежно ведро ќе биде утрото во Вторник 13 Јануари кога минималните температури во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени а во планинските места температурата повторно очекувам да се спушти до или под -20 степени.

Во Скопје  и околината утрото во Вторник 13 Јануари температурата ќе се спушти до близу -10 степени.

Ладен ќе биде  и денот Вторник 13 Јануари кога температурите повторно во делови од Македонија  и преку денот ќе останат под нулата, односно температурите ќе се искачуваат во интервало од -3 до 6 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 2 степени.

Да напоменам дека поради екстремно ниските температури кои ги очекувам понатаму повторно ќе има појава на голомразица на патиштата  и на силни утрински мразеви па токму поради ова апелирам возачите крајно да бидат внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат кон планинските превои.