
По повод именденот денеска поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во својата резиденција ги прими претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши.
По приемот, со свое обраќање на социјалните мрежи излезе претседателката Давкова.
„На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот именден, денот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, информираше на социјалните мрежи претседателката Гордана Сиљановска Давкова на ФБ.
Му посакав добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот.
Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината“ стои во објавата на претседателката
