Skip to main content
Свет

САД запленија уште еден танкер кај Венецуела

09/01/2026  19:23

Американските власти денес објавија дека го запленија танкерот „Олина“ во Карипското Море, што е петтиот брод запленет во акцијата на Вашингтон насочена кон ограничување на извозот на нафта од Венецуела.

Се тврди дека „Олина“ пловел под лажното знаме на Источен Тимор, пренесува Ројтерс.

Американската војска соопшти дека маринците од носачот на авиони „Џералд Форд“ ја зазеле Олина „без инциденти“, испраќајќи јасна порака: „Нема безбедно засолниште за криминалци“.