
Пресудата за македонскиот државјанин Сефер Имери од Скопје е објавена денес од вишиот суд во Лесковац. Тој е осуден на шест година откако кај него е пронајдена осум килограми кокаин.
Имери е прогласен за виновен бидејќи постои основано сомнение дека на 20 август минатата година, на автопатот кај Брестовац, во своето патничко возило нелегално транспортирал и чувал наркотична дрога. Станува збор за точно 7.988,4 грама кокаин наменет за понатамошна продажба.
Судот одлучи времето што Имери го поминал во притвор да му биде засметано во затворската казна. Покрај затворската казна, изречена му е и мерка за безбедност конфискација на пронајдената дрога, а тој ќе мора да ги плати и трошоците за кривичната постапка на обвинителството и судот.
