Skip to main content
Хроника

Приведена жена во Скопје поради агресивно однесување кон полицијата

09/01/2026  12:28

На 08.01.2026 година во 16:20 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Т.Б. (32) од Скопје.

Причината за приведувањето била нејзината агресивна реакција кон полициските службеници додека тие извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветен поднесок.