Skip to main content
Хроника

Приведен 67-годишник од Валандово поради нелегално оружје и куршуми

09/01/2026  12:20


ОВР Валандово поднесе кривична пријава против А.А. (67) од село Башибос, општина Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 15.08.2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошно постапување.