
На 08.01.2026 година, во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје, две лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Првата несреќа се случила во 06:50 часот во село Петровец, општина Петровец, кога патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (46) од Петровец, удрило во 61-годишната Ј.Ц. од Скопје. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
Втората несреќа се случила истиот ден во 12:00 часот на крстосницата на ул. „Московска“ со ул. „Женевска“ во Скопје. Патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (54) од Скопје, удрило во 74-годишната Љ.В. од Скопје. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
