
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Cevahir Mall Skopje има потреба од Графички дизајнер кој ќе обезбедува поддршка во планирање, организација и реализација на сите маркетинг активности на молот.
Позицијата е наменета за креативна, комуникативна и организирана личност, подготвена за работа во динамично опкружување и соработка со повеќе оддели.
Работни задолженија:
- Подготовка на текстови и содржини за социјални медиуми
- Следење, ажурирање и одржување на содржини на социјални мрежи
- Креирање маркетинг содржини (текст, фото и видео)
- Помош при организација на фотосесии, снимања и промотивни активности
- Поддршка при подготовка на настани, отворања и презентации
- Архивирање фотографии, видеа и маркетинг материјали
Потребни квалификации:
- Завршено соодветно образование
- Познавање на социјални медиуми и алатки за графички дизајн
- Способност за пишување јасни и привлечни маркетинг текстови
- Познавање на Canva (за брзи маркетинг проекти)
- Познавање на CapCut (за видео монтажа)
- Познавање на After Effects и/или Premiere Pro (анимации и видео обработка)
- Дизајнирање на постери, банери и билборди
- Подготовка материјали за печат
Други вештини:
- Одлични организациски способности
- Креативност и внимание на детали
- Добра писмена и вербална комуникација
- Тимска работа
- Способност за работа под притисок и почитување рокови
📧 Заинтересираните кандидати своето CV да го испратат на:
turmak@cevahir.com.tr
