Skip to main content
Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

02/01/2026  23:34

Снимка со вознемирувачки сцени од кафуле во Гостивар денеска беше објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како група луѓе физички се пресметуваат, по што се слушаат и истрели.

Според порталот „Без цензура“, инцидентот се случил синоќа, на 1 јануари. На видеото се гледа како избива тепачка меѓу двајца луѓе и повеќемина гости во локалот. Во еден момент, еден од учесниците вади пиштол, по што во мешаницата јасно се слушаат најмалку четири истрели, а присутните панично го напуштаат кафулето.

Инцидентот не е забележан во денешниот полициски билтен, а засега не е познато дали случајот воопшто бил официјално пријавен во полиција.

Според неофицијални информации, лицето кое пукало е 17-годишно момче кое поседувало германски пасош. Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за околностите, ниту за евентуално повредени лица.

ЛИНК до видео