
Федерално истражно биро потенцијален терористички напад за новогодишната ноќ во Северна Каролина. Осумнаесет годишник имал намера да нападне луѓе со ножеви и чекани во супермаркет и ресторан за брза храна во Минт Хил.
Уапсеното момче било американски државјанин и дејствувало само, пренесува германската агенција.
Осомничениот ја изразил својата лојалност кон таканаречената Исламска држава (ИД) и признал дека сакал да убива Американци на почетокот на годината, изјави специјалниот агент на ФБИ, Џејмс Барнакл помладиот.
Белешките пронајдени кај момчето сугерираат дека тој ги таргетирал Евреите, христијаните и луѓето од ЛГБТК+ заедницата, вклучувајќи лезбејки, гејови и трансродови лица.
Осомничениот, во времето кога сè уште бил тинејџер, пред неколку години бил радикализиран преку социјалните медиуми, а во декември станал полнолетен.

