
Портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека еден македонски државјанин сè уште е исчезнат по трагичниот пожар во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, каде што бил присутен во моментот на несреќата. Засега нема информации за неговата судбина.
„Последното известување што го добив од надлежните институции покажува дека станува збор за лице со македонско државјанство. Контактираме со властите и кантоналната полиција и ќе ја информираме јавноста штом добиеме нови детали. Чекаме повеќе информации, се работи за едно лице“, изјави Митева на прес-конференцијата во Владата.
Исчезнатиот е Стивен Ивановски, кој според семејството бил на забава во барот каде што избувнал пожарот. Тој сè уште не е пронајден, а семејството апелира до сите кои можеби го виделе или знаат нешто за неговите движења, како и за тоа дали е хоспитализиран во Женева или Цирих, да се јават на телефонските броеви: 076 415 0868, 076 385 7165 или 078 229 745.

