Skip to main content
Скопје

Стефковски со благодарност до дежурните служби за новогодишната ноќ

31/12/2025  21:44

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски доцна вечерва ги посети јавните служби кои имаат дежурство за време на новогодишната ноќ, изразувајќи благодарност за нивната посветеност и професионалност.

Во рамки на посетата, тој беше во станицата на Брзата помош во Ченто, Противпожарната бригада на Град Скопје, како и во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба.

„Додека сите граѓани ја прославуваат Новата година, овие луѓе несебично се грижат за нашата безбедност и здравје“, порача градоначалникот.

Тој им изрази искрена благодарност на сите вработени во дежурните служби за нивната пожртвуваност и одговорност, посакувајќи мирна, безбедна и среќна новогодишна ноќ за сите граѓани.