
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе оствари работна посета на Општина Кавадарци.
Во 13:00 часот ќе изврши увид на градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара до с.Марена.
Во 13:25 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар и ќе направи увид во градежни активности на фекален колектор Опитно поле.
Потоа во 13:50 часот, ќе изврши увид во градежни активности на изградба на затворен базен, финансиран од Министерство за спорт во износ од 35.500.000 милиони денари.
