Skip to main content
Македонија

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

31/12/2025  16:46

За неколку часа ќе влеземе во новата 2026 година.

Некој дома, некој во кафеана, а некој и на егзотична дестинација, вечерва ќе ја дочека новата година.

24инфо.мк достави прашања до македонскиот државен врв, лидери на партии и пратеници за тоа каде ќе бидат за Нова година.

Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова Новата година ќе ја дочека дома, а веќе утре ќе има и теренски активности, односно, ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес. Претходно, таа ќе положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 14-годишнината од неговата смрт.

Во домашен амбиент ќе остане и пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, како и пратеничката и екс министерка Славјанка Петровска.

Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Жаклина Пешевска и Јована Тренчевска одговорија дека исто така дома ќе ја дочекаат новата година.