Skip to main content
Хроника

На ГП Блаце запленети над 40.000 парчиња петарди и огномети

31/12/2025  12:18

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.

„Нагласуваме дека употребата на нелегални пиротехнички средства претставуваат сериозна закана по безбедноста и здравјето на граѓаните, особено најмладите. Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност“ велат од Царинската управа на Македонија.