Skip to main content
Хроника

Во струшко запленети над 23.000 парчиња пиротехника

30/12/2025  13:23

На 29.12.2025 во 17:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.Г.(32) од с.Франгово, струшко.

При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.