Skip to main content
Македонија

Цистерна се преврте на патот Струга – ГП Ќафасан, сообраќајот во прекин

30/12/2025  12:05

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан” поради превртена цистерна на патот.

Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста.