Путин: Ако САД извршат тестирање на нуклеарно оружје и ние ќе го направиме тоа

За време на обраќањето пред пратениците во двата дома на рускиот парламент, рускиот претседател објави дека Русија го прекинува учеството во договорот за стратешко офанзивно оружје.

„Го прекинуваме учеството во договорот. Повторувам, ние не се повлекуваме од тој договор, го прекинуваме учеството. Првин треба да разбереме што сакаат Франција и Британија и ќе постапиме соодветно“, рече Владимир Путин.

„Нема потреба да лажат и да се преправаат дека се поддржувачи на мирот. Сите знаеме дека се истакнува важноста на некои договори и сите се поблиску до развој на ново нуклеарно оружје. И ние исто така, но нема да бидеме први“, рече Путин додавајќи дека веќе има информации оти официјален Вашингтон се подготвува за тоа.

„Но, ќе се однесуваме како што мислиме дека е правилно. И тоа нема врска со непријателски односи кон нас иако тие го сакаат нашиот пораз. Тешко е да ги наречеш идиоти, не се глупави. Тие сакаат да нè поразат и да го контролираат нашето нуклеарно оружје“, рече рускиот лидер.

Тој потсети дека САД и НАТО директно изјавија оти целта им е стратешки пораз на Русија. „Потоа, посетата на руските одбранбени капацитети не е опција“, истакна рускиот лидер.

„На почетокот на февруари НАТО побара од нас да се вратиме на договорот за негирење стратешко оружје, вклучително и инспекции на објекти. Тоа е театар на апсурдот. Знаеме дека Западот му помогна на режимот во Киев во нападот на објектите на територијата на Руската Федерација, а во исто време сакаат да ги прегледаат нашите објекти“, изјави Путин.

Треба да знаете
Последни објави