Skip to main content
Свет

Од 1 јануари 2026 забрана за стари дизел и бензин возила во Брисел

29/12/2025  15:19

Регионалната агенција за животна средина во Брисел соопшти дека од 1 јануари 2026 година ќе биде забрането движењето на дизел возилата со стандард Еуро 5 и бензинските возила со стандард Еуро 2 во регионот на градот.

Сопствениците на возила што не ги исполнуваат прописите ќе добијат предупредувачки писма, а за прекршување на забраната двапати во рок од три месеци ќе им следува казна од 350 евра. Забраната е дел од планот ЛЕЗ за намалување на емисиите на штетни гасови, кој се имплементира во фази.

Исто така, ќе се однесува и на мотоциклите со стандард Еуро 1 и Еуро 2. Според агенцијата, мерката ќе опфати околу 33.000 возила, односно седум проценти од вкупниот број возила во Брисел. Следната фаза на ЛЕЗ ќе започне на 1 јануари 2028 година, кога забрана ќе важи за дизел возилата со стандард Еуро 6 и бензинските со Еуро 3.