Skip to main content
Македонија

Во среда дневните температури под нулата

29/12/2025  14:43

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда ќе дува засилен до силен северен ветер, кој ќе предизвика дневните температури на повеќе места да останат под нула степени.

Во четврток се очекува умерен до засилен северен ветер, додека во петок ветерот ќе смени правец во јужен и ќе услови појава на слаб дожд и снег на планините. Викендот ќе донесе претежно сончево време со постепено зголемување на температурите.