
Според првичните резултати на денешните вонредни парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово најмногу гласови освоило движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент.
На второ место, зад партијата на Албин Курти, е Демократската партија на Косово со 23,9 проценти од гласовите, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 16,1 процент од гласовите. Алијансата за иднината на Косово е четврта со 5,8 проценти од гласовите, додека Социјалдемократската иницијатива на Косово е на петтото место со 1,1 процент од гласовите.
Другите партии заедно добија девет проценти од гласовите, според излезните анкети, презентирани вечерва на косовски медиуми.
Според овие резултати, изборниот праг од пет проценти го поминаа сите поголеми албански партии, освен Социјалдемократската иницијатива.

