Skip to main content
Хроника

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

28/12/2025  14:16

На 27.12.2025 околу 14:30 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(41) од Република Албанија.

При гранични проверки и пасошка контрола, тој на полициската службениничка и понудил поткуп, односно преку прозорот од кабината на бирото оставил пари.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.