
Денеска во Скопје се одржа традиоционалната трка на дедомразовци.
Годинава регистрира е рекорден број на учесници.
На трката имаше 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија.
Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера.
Стартот и целта традиционално беа поставени на Плоштад Македонија, додека патеката од околу 2 километри се протегаше низ центарот на градот. Трчаа професионалци, почетници, а на прошетка дојдоа и повеќе расположени лица.


