Skip to main content
Хроника

Оружје и муниција најдени при претрес во Охрид

25/12/2025  14:09

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

При претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 13 куршуми со различен калибар кои, нелегално ги поседувал по што, беше лишен од слобода.