
Апелациониот суд во Гостивар ги промени пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница, при кој животот го загубија 14 лица. Двајцата поранешни директори, Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години затвор, наместо претходно досудената година и половина.
Судиите од повисокиот суд ги одбија жалбите на обвинетите и ги прифатија барањата на Обвинителството за построги казни. Дополнително, на правното лице му е изречена зголемена парична казна од 1.300.000 денари за тешки дела против општата сигурност.
