Skip to main content
Македонија

Двајцата поранешни директори на тетовската модуларна болница осудени на по три години затвор

24/12/2025  16:32

Апелациониот суд во Гостивар ги промени пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница, при кој животот го загубија 14 лица. Двајцата поранешни директори, Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години затвор, наместо претходно досудената година и половина.