
Вчера се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули, на кој присуствуваа членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Министерот Муцунски ја истакна значајната улога на почесните конзули во одржувањето и развојот на односите помеѓу земјите кои ги претставуваат и Република Северна Македонија. Тој уште еднаш реафирмираше поддршка за клубот и за институцијата која ја води – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На настанот, свои обраќања имаа и претседателот на клубот, Ајдован Адемоски – почесен конзул на Турција, како и генералниот секретар на клубот, Марко Андонов – почесен конзул на Грузија. Тие ги истакнаа активностите и достигнувањата на клубот во тековната година, со посебен акцент на приемот на Клубот како полноправна членка на FICAC – меѓународната федерација на почесни конзули.
Исто така, беа најавени и плановите и активностите кои Клубот на почесни конзули планира да ги реализира во текот на 2026 година, со цел понатамошно зајакнување на меѓународната соработка и промоција на Македонија на глобалната сцена.

