
Најдобриот лек против мамурлак е едноставен – воздржувајте се од големи количини на алкохол. Иако звучи како шега, тоа е вистина. Празничните денови носат вкусна храна, пријатни моменти и често повеќе алкохол од вообичаено, но постојат начини да ги намалите непријатните последици како главоболка, мачнина, омалаксаност и вртоглавица.
Никогаш не пијте на празен стомак, туку јадете оброк богат со јаглени хидрати или масти, бидејќи храната ја забавува апсорцијата на алкохолот. Пијте полека и во умерени количини, а меѓу секој алкохолен пијалок испијте чаша вода или сок, избегнувајќи газирани пијалоци што ја забрзуваат апсорпцијата. Пред спиење, наполнете чаша вода и оставете ја покрај креветот.
Утредента, ако се појават симптоми на мамурлак, заборавете на методот „клин со клин се избива“ – тоа само ги влошува симптомите. Пијте многу вода за да ги надоместите изгубените течности, избегнувајте лекови со ацетаминофен кои можат да го оштетат црниот дроб, и консумирајте лесна чорба од зеленчук и свежи сокови за да го смирите стомакот и да ги надоместите витамините. Одморете се, бидејќи телото има потреба од време за опоравување, а лекарите препорачуваат барем 48 часа одмор пред следното пиење.
Уживајте во празниците, но запомнете дека умереноста е најдобар сојузник против мамурлак!

