
Агенцијата за храна и ветеринарство при вонреден надзор на манифестацијата “Зимзоленд”, утврди дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил Агенцијата дека ќе се продава храна.
„Поради неисполнети хигиенски услови, изречени се парични казни“, велат од АХВ.
„Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд (на физички и на правни лица), но и на правното лице организатор на манифестацијата „Зимзоленд“. Нему покрај парична казна, изречена му е и мерка времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна“, соопштија од АХВ.
