Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации

08/12/2025  15:31

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС повторно реагира со политички конструкции, без да понуди ниту еден конкретен доказ за каков било прекршок.

Прашање на елементарна логика е фактот дека Томовски нема надлежност, нема учество во постапки за јавни набавки и нема ниту една службена одлука што може да се поврзе со тендери. Тоа е јасно утврлива и проверлива фактичка состојба.

Кога нема факт, СДС се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации. Таа стратегија можеби имала некаков полуефект во минатото, но денес граѓаните очекуваат аргументи, а не инсинуации.

Одговорност не се гради со политичка врева, туку со јасни недвосмислени докази. СДС ако има доказ, нека го објави. Ако нема, нека престане да го злоупотребува терминот „корупција“ за дневно-политички напади за да ги скрие сопствените криминали и предавства.