Skip to main content
Свет

Проект за чистење на Јадран од пластичен отпад

07/12/2025  12:57

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но недоволната инфраструктура за негово собирање го остава проблемот нерешен. Над 80% од плутачкиот отпад во Јадранот е пластика.

Здружението Sunce, заедно со партнери од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste за собирање податоци за видот и количините на отпад, со цел развој на модел за заедничко управување, повторна употреба и рециклирање.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, посочува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. 

Проектот вклучува мониторинг на отпадот, пилот-имплементација во пристаништа и едукација на рибарите и локалните заедници за влијанието на морскиот отпад. Очекувањата се дека иницијативата ќе ја подобри системската контрола, ќе го зголеми собирањето и рециклирањето и ќе придонесе за зачувување на Јадранското Море.