Skip to main content
Спорт

Македонија со трофеј од турнирот во Анкара

07/12/2025  12:54


Женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа со трофеј од турнирот во Анкара, откако во последниот натпревар ја совлада Словачка со 26:24. Првото полувреме мина израмнето и заврши 12:12, но во продолжението македонските ракометарки отворија со три врзани гола за водство од 15:12 и ја одржаа предноста до крајот.

Највисокото водство беше 21:17, по што избраничките на селекторот Грчевски рутински го приведоа мечот до победа со два гола разлика. Најефикасни во нашиот тим беа Кипријановска со седум погодоци и Ризоска со шест. Македонија го заврши турнирот како првопласирана со две победи против Турција и Словачка и реми со Словенија. Овие натпревари служат како подготовка за претстојниот двомеч со Белгија во евро-квалификациите.