Skip to main content
Македонија

Денес температурите до 15 степени

07/12/2025  10:38

Променливо облачно со сончеви периоди не очекува денеска, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Во северозападните региони слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.