
По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда.
Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
Клучни новини кои се предвидени со Законот:
– Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.
– Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник”.
– Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.
– Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.
– Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.
– За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега РМ директно одговара на таа препорака.
