ПСЖ со Меси и Мбапе во составот ќе го пречека Баерн во осминафиналето од ЛШ

Продолжението од елитното фудбалско клупска натшпреварување Лигата на шампионите ќе биде вечерва (21 ч.) со првите два осминафинални натпревари во кои се среќаваат ПСЖ – Баерн Минхен и Милан – Тотенхем.

„Светците“ по првиот Мундијал кој се одигра среде сезона, на крајот од минатат година, во Катар, се соочуваат со повреди на своите главни играчи во тимот. Аргентинецот Лионел Меси кој ја освои светската титула се врати на клупските обврски дури на почетокот на јануари, имаше проблеми со повреда на мускулот, поради што неговиот настап беше под знак прашалник за денешниот меч на „Паркот на принцовите“. Според последните информации од ПСЖ тој е опороавен како и Килијан Мбапе, па и двајцата се на располагање за составот на тимот. Само тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтје знае колку можат двајцата да придонесот во вечерашниот дуел.

Баерн во Париз дојде без Садио Мане, кој не го помина фитнес тестот. Тренерот на германскиот шампион Јулијан Нагелсман е задоволен од подобрувањето на формата на целата екипа.

ПСЖ и Баерн до сега имаат одиграно осум натпревари во европските купови. Петпати победи тимот од Минхен а трипати се радуваше споставот од Париз. Тие се сретнаа во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, кога Баерн победи (1:0) со голот на Кингсли Коман во 59 минута.

Финалето оваа сезона во ЛШ ќе се игра на 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, Турција.

Треба да знаете
Последни објави