Skip to main content
Македонија

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

02/12/2025  21:19

Додека „Безбеден град“ официјално влегува во пробна фаза, возачите низ државата веќе најдоа начин дигитално да се приспособат на новите правила и зголемените контроли на брзината.

Сè почесто го користат Waze, апликација која станува најпопуларен сообраќаен асистент бидејќи ги прикажува скоро сите точки каде што се поставени камери. Оваа навигациска алатка нуди информации во реално време за состојбата на патиштата, а од вчера, благодарение на активноста на корисниците, речиси целата мрежа на камери од проектот „Безбеден град“ веќе е обележана на мапата.