
Оставка на Јадранка Дабовиќ Анастасовска од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е официјално доставен до Собранието дознава 24инфо.мк.
Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, беше избрана за судијка во Уставниот суд на 12 декември 2023 година. Таа дојде на местото на пензионираниот судија Јован Јосифовски.
Засега нема информации за причините за нејзината оставка, а Собранието треба да расправа за понатамошната постапка по доставениот материјал.

