Skip to main content
Свет

Руте се надева на мир во Украина пред летото во 2026 година

02/12/2025  16:24

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изрази надеж дека мировните преговори за Украина ќе доведат до прекин на огнот или мировен договор пред летото следната година.

Toj во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека е тешко да се предвиди дали напорите на САД ќе постигнат успех.

Тој посочи дека месечно во војната гинат по 20 илјади Руси, а големи жртви трпи и украинската страна, и оти тоа мора да запре. – Да се надеваме дека ќе има договор за мир, ние помагаме со сè што е во наша моќ, додаде Руте.

Според него, очекувањата се војната да заврши на начин што Русија никогаш повеќе нема да ја нападне Украина.

– Патот на Украина кон НАТО е неповратен, но знаеме дека во Алијансата ја нема неопходната едногласност за прифаќање на земјата во организацијата. Затоа разговараме како Украина да биде заштитена откако војната ќе заврши, појасни Руте.

Тој нагласи дека прашањата поврзани со иднината на пактот, кои се вклучени во првичниот нацрт на мировниот договор од последните недели, ќе бидат решавани од сојузниците одделно.