
Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седмата транша што се префрла од централниот буџет, како дел од средствата за поттикнување на инвестицискиот циклус во приватниот сектор во висина од околу 300 милиони евра.
„Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шест исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра“, наведуваат од Министерството за финансии.
Средствата предвидени во Буџетот за 2025 година околу 250 милиони евра се обезбедени по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и под исто така поволни услови се пласираат кон домашните компании. Каматната стапка е 1,95 проценти годишно, со рок на отплата до 15 години и грејс-период до три години
