Skip to main content
Македонија

Тошковски: Најчестите жртви во сообраќајните несреќи се младите

02/12/2025  15:28

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска се обрати на првата национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, одржана во Скопје и организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Како и во светот, и кај нас најчести жртви на сообраќајните незгоди се младите. Минатата година имавме 78 жртви на милион жители, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек од 40, а далеку над скандинавските земји, каде што бројката е до 20 жртви на милион жители“, нагласи министерот.

,,Како и во светот, и кај нас најчести жртви на сообраќајните незгоди се младите. Минатата година имавме 78 жртви на милион жители, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек од 40, а далеку над скандинавските земји, каде што бројката е до 20 жртви на милион жители“, нагласи министерот.

Пред претставници на Владата, општините, ЗЕЛС, РСБСП и експертската јавност, Тошковски ја нагласи сериозноста на состојбата со сообраќајната безбедност и неопходноста од системски, координиран пристап. Во своето излагање посочи дека Македонија се приклучува кон европската стратегија Safe System, која има цел до 2030 година да се преполови бројот на жртви, а до 2050 година да се постигне целосно „нулта жртви“.

Министерот ги издвои клучните столбови на системот што институциите треба заеднички да го спроведуваат: безбедна брзина, одговорни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефективна институционална реакција по сообраќајни незгоди. Тој ја поздрави и иницијативата за првата Декларација за сообраќајна безбедност, со која општините се обврзуваат на системско подобрување на условите и инфраструктурата.

Посебно внимание беше посветено и на пробниот период на системот „Безбеден град“, кој преку автоматско препознавање веќе открива стотина илјади прекршоци. „Ова е важен чекор кон современ, ефикасен и дисциплиниран сообраќаен амбиент“, истакна Тошковски.