Skip to main content
Македонија

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра, заедно со сите докази

02/12/2025  12:44

Изјава за медиуми, Петар Огњеновиќ, СДСМ:

Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против.

Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови.

Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. Институциите мора да постапат, крадењето на народот да запре и да следува одговорност.

Кога фирмата основана пред една година, со само двајца вработени, добива државни тендери од речиси 9 милиони евра, што е тоа ако не шема за испумпување пари од граѓаните?

Кога од 6 дури четири милионски договори се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски тогаш што е тоа ако не фаворизирање на омилени фирми?

Ова се истите шеми на Никола Груевски. 

Христијан Мицкоски е само негов ученик и продолжувач на истите методи.

Денеска ја поднесуваме пријавата, бараме ДКСК да отвори предмет, да спроведе постапка и да ги испита сите елементи.

СДСМ ја продолжува борбата против криминалот и корупцијата. Работата сè уште не е завршена.